Силвана Бонева не сокрила еден стан. Скандалот е поголем. Силвана Бонева криела два стана за своите два сина, откри денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов…

P.Shilegov, 22.01.2014god.– Силвана Бонева, по неколкучасовен молк, вчера призна дека не го пријавила во Антикорупциската комисија станот од 109 квадрати во Центарот на Скопје на име на нејзиниот син Орце Бонев, со пазарна вредност од околу 180.000 евра! Силвана Бонева ништо не демантираше! Сега ќе ви кажеме зошто молкот беше толку долг. Координаторката на ВМРО-ДПМНЕ не знаеше колку знаеме и колку може да продолжи да крие, па затоа тактизираше – рече Шилегов.

Тој го покажа во јавноста и вториот Имотен лист. Уште еден стан со пазарна вредност од околу 180.000 евра. Исто како првиот, од 109 квадрати плус подрум од 43 метри квадратни, исто така на адреса Димче Мирчев број 20, два ката погоре, во истата зграда.

– Овој стан е на име на вториот син на Силвана Бонева, Гоце Бонев. Два стана, за двата сина на Силвана Бонева, во Центарот на Скопје, во вкупна пазарна вредност од околу 360.000 евра! Еве го Анкетниот лист за имотната состојба на Силвана Бонева. Со денешен датум, 23 јануари 2014 година. Може да се отвори преку интернет. Во него стои и имот на деца, како дел од семејството. Пријавена е само заштеда на име на децата од 375 евра. Становите ги нема.Фактот дека во Анкетниот лист постои имот на име на децата, автоматски укажува на законската обврска Силвана Бонева да го пријави целокупниот имот на семејството – рече Шилегов.

Тоа, додаде, го очекува целата македонската јавност, којашто има законско право преку Антикорупциската комисија да ја следи промената на имотната состојба на функционерите.

– Госпоѓо Силвана Бонева, постојат две работи што јавноста треба да ги знае, а и вие како правник.Освен што сте пријавиле имот на деца, заштеда од 375 евра, во имотните листови од нивните станови живеалиштето се води на вашата домашна адреса во Струмица. Кога децата имаат иста адреса на живеење со родителите, тоа претставув семејна заедница! Сега, госпоѓо пратеник Силвана Бонева,како е возможно Антикорупциската комисија да е виновна: за нулите во имотот на Мијалков, за становите на Јанкулоска, а сега и за становите на вашите синови, односно за неажурирање и на вашиот Анкетен лист, како што тврдите – праша Шилегов.

Тој порача дека ако е ова точно, ќе веруваат само ако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Бонева како координаторка гласаат за разрешување на Државната комисија за спречување на корупцијата да се сменат поради неспособност за вршење на својата функција согласно законот.

– При тоа, координаторке Силвана Бонева, би било добро за јавноста да откриете како вашите деца веднаш штом завршиле факултети успеале толку да се осамостојат, па и самите да си купат станови од по 180.000 евра среде Скопје. Имотот што го посочувате како дар за децата, еве според Вашиот документ, е околу 11.000 евра. Како се заработуваат 350.000 евра госпоѓо, Силвана Бонева праша Шилегов и ѝ порача дека илјадници родители во земјава би ѝ биле благодарни да ја сподели со нив тајната на како што рече, нејзиното успешено родителство.

Бидејќи, како што додаде, и голем број од нивните деца, над 230.000 млади, се веќе заминати од Македонија да го печалат лебот во тугина, со години, но немаат имот од 360.000 евра.

Извор: Plusinfo.mk