
На повеќето луѓе барем еднаш им се случило да доживеат нешто налик на телепатија или видовитост, но понекогаш тоа се случува многу почесто…
Погледнете ги шесте знаци според кои би можеле да препознаете дали станува збор за нешто навистина паранормално.
Претчувствувате дека телефонот ќе заѕвони и „знаете“ кој ќе ве бара
Тоа важи само во случај ако станува збор за личност со која долго не сте се слушнале, особено доколку сличната ситуација се случува често.
Чувствувате кога вашето дете или некој што ви е многу близок е во неволја
Тука не станува збор за обична загриженост што родителите ја имаат за своето дете и за блиска личност, туку за интензивно чувство дека нешто лошо се случило, што на крај се покажува исправно. Вакви случаи се забележани помеѓу родителите и децата, брачните партнери, роднините и секако помеѓу близнаците.
Место на кое никогаш претходно не сте биле, ви е потполно познато
Ако ви се случува да дојдете во куќа во која никогаш претходно не сте биле, а сѐ ви делува познато, дури и ситните детали и знаете што каде се наоѓа – можеби сте видовити.
Соништа што се остваруваат
Ако често сонувате соништа за себе и за блиските луѓе, па дури и за светот, кои се остваруваат, тоа би можело да биде доказ дека сте видовити. Пророчките соништа се, наводно, поинакви од обичните соништа, полуцидни се, подетални и поуверливи.
Доволен е допир да почувствувате и да дознаете некои детали за работите и за личноста
Веќе по ракувањето со непозната личност знаете некои детали за неа, како, на пример, од каде е, каква е и што работи, а ви се случува и кога ќе допрете некој предмет, да знаете кому му припаѓал, како и неговото минато. Иако постои можност да сте само многу проникливи, постои и шанса да имате посебна моќ на перцепција и видовидост.
Редовно им зборувате на своите пријатели што ќе се случи и тоа навистина се случува
Кога добро познавате некоја личност и нејзините навики, не е некое големо чудо ако видите што би можело да ѝ се случи. Но ако се случува да имате интензивно чувство дека нешто потполно неочекувано ќе им се случи на блиски луѓе и тоа навистина ќе се случи, тоа би можело да биде знак дека сте видовити.