Алергиите во последно време станаа многу честа и непријатна појава…

sok-napitak-tijelo-alergije-naranca

Станува збор за реакција на организмот кај луѓето со лош имунолошки систем и ослабена, односно со оштетена слузница како кај респираторниот, така и кај дигестивниот систем.

Иако нам ни задаваат главоболки, сами можеме да направиме неколку мали но значајни промени во исхраната.

Потребни состојки:

1 морков со средна големина

2 големи портокали

1/2 краставица од средна големина

5 до 10 листови свежо нане

Едно парче свеж ѓумбир (околу 1,5 см)

Подготовка:

1. Излупете го овошјето и добро измијте го
2. Морковот и краставицата исечете ги на парчиња, а портокалите издвојте ги на четвртини.
3. Состојките по ред ставете ги во соковник, а листовите нане помеѓу водата и зеленчукот и овошјето.
4. Пијалакот чувајте го во ладилник и пијте го на празен стомак.

 Извор: Plusinfo.mk