
Според изборот на магазинот „Fortune“, компанијата Гугл е идеално работно место, па не изненадува што на нивните огласи секогаш се јавуваат огромен број кандидати…
„Њујорк Тајмс“ разговараше со еден од клучните луѓе задолжени за човечки ресурси во Гугл, Ласло Бок за тоа какви кандидати бара кога ги избира вработените. Одговоритена петте, навидум лесни прашања, всушност можат да ве зачудат:
Дали имате коефициент на интелигенција повисок од 130?
Најлош можен одговор на ова прашање е „да“. Бок инсистира на „интелектуална скромност“, бидејќи смета дека луѓето без неа не можат да учат. За оние кои целиот живот биле остроумни, тој вели дека често прават „фундаментална атрибутинвна грешка“, односно „ако се случи нешто добро, сметаат дека тоа е резултат на нивната генијалност, а ако се случи нешто лошо – тоа е затоа што некој друг е идиот“. Воопшто полагање на тестови за интелигенција и меморирање на нивните резултати, значи дека кај кандидатот постои погрешна комбинација од самодоверба и несигурност.
Што ќе вечераме?
Никако не кажувајте „сèедно ми е“, „не сум пребирлив/а“, „што сакате вие“ и слично. Ако се решава проблемот околу вечерата тогаш е потребно вашето мислење, па затоа треба да го изнесете. Тоа е она што го бара Гугл – подготвеност да се преземе иницијатива и лидерство кога тоа е потребно.
Зошто сте ги прочитале последните пет текста кои сте ги прочитале?
Како мислите не знаете? Првиот критериум на Бок е она што тој го нарекува „умешност за учење“, која ја дефинира како „умешност за размислување ’во лет’ и извлекување на мали информации кога тоа е потребно. Нема да поминете добро на интервју за работа во Гугл, ако не се подготвите добро на вака едноставно прашање.
Дали сте некомпетентни и мрзливи?
Да? Одлично! Бок сака да вработува луѓе кои чувствуваат „сопственост“ врз проектите, но се доволно скромни да работат само она во што можат да бидат корисни и подготвени се да се повлечат кога нивниот дел ќе го завршат. Ако сте некомпетентни, тогаш ќе ги уништувате работите со кои ќе се зафатите, така што за таквите кандидати мрзливост е добра опција. Секако подобра комбинација е интелигентни и вредни.
Дали имате зад себе многу искуства и добри резултати во нешто?
Ако имате, тоа е потполна катастрофа. Бок вели дека, кога ќе се соочат со проблем, експертите велат „сум го правел ова 100 пати претходно, еве што ќе направиме“. Од друга страна, почетникот е подготвен до решение да дојде на сосема нов начин, иако можеби за тоа ќе му треба подолго време. Во кратки црти, луѓето се подобри кога не знаат точно што прават.
Извор: Faktor.mk