
Болестите на срвето се делумно генетски наследени, но исто така се во голема мерка превентабилни и може да се влијае да не дојде до нив…
Оиве е напитоците кои можат да придонесат за здравјето на вашето срце.
Калинка
Антиоксидативната моќ на калинката е многу голема. Новите истражувања покажале дека редовното консумирање на сокот од калинка може да го заштити срцето, така што ќе го намали нивото на холестерол во крвта и го зголемува протокот на крв до срцето.
Црн чај
Моќните антиоксиданти во црниот чај го подобруваат здравјето на срцето. Докажано е дека консумирањето на црн чај го намалува ризикот од појава на мозочен удар, го намалува нивото на лошиот холестерол, ја подобрува функцијата на крвните садови. Неколку чаши од овој чудотворен напиток дневно може да го намали ризикот од срцеви заболувања.
Зелен чај
Освен црниот, и зелениот чај содржи богати антиоксиданти кои го штитат срцето. Основната разлика меѓу црниот и зелениот чај е што вториот не е ферментиран. Истражување спроведено во 2004 година покажало дека со пиење на зелен чај се намалува ризикот од болести на коронарните артерии.
Вода
Дехидратацијата може да придонесе предизвикување на голем број ризични фактори кои се потребни за појава на срцеви заболувања. Кога организмот е дехидриран и му недостасува течност, тогаш крвта е погуста и срцето троши повеќе енергија за да пумпа крв низ телото. Хроничната дехидратација може да резултира во хипертензија (зголемен крвен притисок), кој се подобрува со консумирање на вода.
Бројни истражувања покажале дека е значајно помалиот ризик од настанување на срцеви заболувања е поврзан токму со консумирање поголеми количества вода на дневна база. Не постои пијалак кој подобро го хидрира организмот од самата вода, а тоа е одлично за здравјето на срцето. Препорачливото консумирање вода на дневна база е 8 чаши. Збогатетете ја водата со свежо цеден лимон и така дадете ѝ арома која освежува, а истовремено и доза на антиоксиданти кои се од исклучително значење за здравјето.
Извор: Plusinfo.mk