
Според истражувањето спроведено над 2.000 возрасни лица- пушачи, 32 проценти од анкетираните првата цигара ја палат во првите пет минути откако ќе се пробудат.
Од нив 31 отсто првата цигара ја запалиле во период од 6 до 30 минути , 18 отсто ја запалиле во период од 31 до 60 минути по будењето.
Само 19 отсто од нив почекале барем еден час да ја запалат првата цигара.
Научниците утврдиле дека оние пушачи кои запалиле цигара по будењето имаат највисоко ниво на токсини кои ги добиле од цигарите.
Луѓето кои првата цигара ја палат толку рано наутро, го вовлекуваат чадот од цигарата подлабоко и подолго го задржуваат, што може да предизвика рак на усната празнина и на белите дробови.
Извор: Sky.mk