![Chromatic-Point-(1)[1]](http://delcevodenes.mk/wp-content/uploads/2014/02/Chromatic-Point-11.jpg)
Познатиот бенд „Хроматик поинт“ вечерва ќе одржи свој концерт во скопскиот клуб „Хавана“…
На овој настап момците ќе претстават дел од новиот материјал, кој наскоро треба да биде објавен како нивни втор студиски албум.
Меѓу песните ќе биде изведена и новата „Сува земја“, која всушност е пилот-сингл за новото албумско остварување на бендот. Покрај новиот материјал, бендот ќе ги отсвири и песните од деби-албумот „Златен пресек“.
„Хроматик поинт“ го сочинуваат гитаристот Сашко Бранковски, басистот Ален Спасевски, клавијатуристот Душко Ичев и тапанарот Влатко Нушев. Нивните песни се инструментални, без вокална интерпретација, при што се истакнува инструменталистичката виртуозност на секој од членовите од бендот, особено на гитаристот Бранковски.
Најголема инспирација за својата музика момците наоѓаат во македонскиот фолклор, кој умешно го комбинираат со моќниот метал-звук.
Бендот е оформен во 2010 година, а две години подоцна го објави деби-албумот „Златен пресек“, кој беше прогласен за најдобар за 2012 година според читателите на „Нова Македонија“.