
Доколку земате одреден вид на пропишани лекови, тие може да не бидат толку ефективни доколку се земаат со одреден вид на храна, вели Кери Гласмен, познат нутриционист. Тоа се случува поради начинот на кој лековите имаат интеракција со храната…
Еве неколку практични совети од Гласмен:
Зеленчук со лисја
Не треба да се меша со лекови кои ја разретчуваат крвта. Ваквиот зеленчук содржи витамин К кој помага крвта да се згрутчи, спротивно на погореспоменатите лекови. Дозата која ја земате од нив е направена за вас, па доколку јадете една зелена салата на ден, продолжете така, но немојте наеднаш да станете Попај морнарот!
Старо сирење
Старо сирење како што е пармезанот и синото сирење не треба да се меша со антидепресиви како што е Нардил. Овие сирења содржат тирамин (може да се најде и во сојата и виното) кој во корелација со антидепресивите може да предизвика покачување на притисокот.
Алкохол
Ако земате антидепресиви, или лекови кои помагаат при анксиозност, лекови за дијабетес, настинка или грип, или пак апчиња за спиење и ако на упатството пишува да не се мешаат со алкохол, не пробувајте ни голтка – може да завршите со главата во тоалет. Исто така, алкохолот може да ги зголеми нуспојавите на лекот, или да го вознемири желудникот. Дијабетичарите пак може да добијат епизоди на низок шеќер во крвта.
Кафе/пијалоци со кофеин
Ако земате лекови против астма, или против анксиозност, при мешање со кофеин може да станете понервозни, или пак да добиете забрзано срцебиење.
Млечни производи
Ако земате антибиотици, млечната храна може да се вмеша при апсорбцијата. Сепак, нема да ја добиете користа од лековите кои ги примате.
Сок од цитрон
Доколку земате лекови за намалување на холестеролот, за разретчување на крвта, лекови за крвен притисок, средства за смирување или антидепресиви, не пијте сок од цитрон. Ензимите во нашиот дигестивен систем го уништуваат лекот до одреден степен. Сокот од цитрон ги напаѓа ваквите ензими, зголемувајќи ја количината на лекот кој влегува во вашиот крвоток, што може да предизвика болки во стомакот, дијареа, или во ретки случаи пореметување на работата на бубрезите.