Многумина никако да научат дека со лошиот избор на храна нема да ги победат акните, туку ќе го зголемат нивниот број…

lice akniОваа е листата на продукти кои би требало да ги воведете во вашата исхрана ако сакате поубава и почиста кожа. Сите кои имаат проблеми со акните би требало повеќе да консумираат риба и ореви. Истовремено е подобро да се избегнува белото брашно, особено рафинираното, како и преработените јаглехидрати, односно белиот леб и зашеќерените пченични снегулки. Исхраната богата со риба, овошје, житарки и мешунки (леќа, грашок, грав) доведува до почист тен. Омега-3 масните киселини ја подобруваат контролата на воспалителните процеси во целото тело, вклучувајќи ги и воспалените акни.

Тоа значи дека храната која ќе го исчисти вашиот тен се темели на сардини, скуша, лосос, ореви и ленени семки.
Резултатите покажале дека по 12 недели консумирање повеќе протеини и помалку рафинирани јаглехидрати, појавувањето на акни на кожата се намалува 50 отсто, што значи дека самата исхрана го намалува нивото на хормони кои влијаат на акните.
Доколку сакате да го спречите нивното појавување, користете масло кое дејствува антибактериски, ги намалува лузните и ја лекува таа регија од кожата. Најпрво, треба добро да се исчисти кожата од мртвите клетки на површината и нечистотијата, а потоа трипати на ден да се мачка со масло од невен, кое дејствува антибактериски. Се препорачува:
– Во сад ставете лажичка цимет и три лажички мед. Измешајте. Добиената смеса нанесете ја на лице и оставете ја да дејствува околу 15 минути. Измијте го лицето со млака вода. Медот дејствува антибактериски и помага при хидратација на кожата.
– Измешајте една лажица овесна каша со лажица врела вода. Оставете да се излади смесата и нанесете ја на лицето. Оставете да дејствува околу пет минути. Овесна каша ќе го намали црвенилото и воспаленијата кои ги предизвикуваат акните.

Извор: Plusinfo.mk