На листата на дестинации кои се вистински хит за 2014. година првото место го заземаат Малдивите, покажа новото истражување…

maldivi-599f5907

Истражувањето спроведено во Велика Британија покажало дека на второто и третото место на оваа листа се нашле Тајланд и Шри Ланка.

После нив следат и Куба, Малезија и Сингапур, а податоците се добиени врз основа на резервациите во туристичките агенции направени во јануари оваа година.

Малдиви се на првото место веќе деветта година по ред.

Тамошниот туристички оператор „Куони“ вели дека тоа е така поради преубавите пусти острови, луксузните одморалишта и разните активности како нуркањето и едрењето.

Компанијата исто така предвидува дека островот Кандол, со околу 30 плажи и со вили покрај вода, ќе стане омилено за паровите кои одат на меден месец.

Популарноста на Тајланд и на Шри Ланка се препишува на фактот што и двете земји „се богати со култура, но и со разните предизвици, имаат живописни градови и преубави плажи, како и природни убавини и прекрасен карактер на локалното население“.

Компанијата наведува дека Малезија е во искачување затоа што луѓето денес бараат одмор со разнолика понуда – од опуштање на песочните плажи до авантури во џунглата.

Погледнете ја листата на топ 10 хит дестинациите за 2014-та:

1. Малдиви

2. Тајланд

3. Шри Ланка

4. Соединети Арапски Емирати

5. САД

6. Маурициус

7. Малезија

8. Куба

9. Антигва

10. Сингапур