
Едно истражување на американски експерти потврди дека личностите кои ја земале хартијата која се користи во банкоматите, односно дошле во допир со нејзе, после извесно време во својата урина имале зголемена вредност на бисфенол А.
Доколку личноста при земањето на потврдата од трансакцијата користела ракавици, кај неа немало зголемување на ова хемиско соедининие. Според научниците Бисфенол А се поврзува со хормонски нарушувања, проблеми во зачнувањето и развојот на мозокот кај децата.
Бисфенолот А покрај тоа што го има во оваа хартија, може да се најде и во храна која е конзервирана, одредени материјали и во тврдата пластика која се користи за изработка на детски шишиња.
Ова хемиско соединение се користи за издавање на потврда кај банкоматите, ПОС-автоматите во супермаркетите и слично, што значи дека многу од луѓето често се во контакт со него.