Кромберт и Шуберт од Битола бара работник за 8.800 денари; Џонсон Контролс од нуди плата од 9.000 до 15.000 денари но, за високообразувани кадри; Кемет Електроникс во Скопје нуди 20 илјади денари; Градски паркинзи од Долно Оризари во Битола – плата од 10.800 денари.

investicii

Не запираат огласите за вработување во Дрекселмаер за минимални плати. Од кавадаречки Дрекселмаер вчера објавија нови огласи со кои се бара секретар на друштво и хаусмајстор, а за двете работни позиции нуди плата од 8.050 денари.

И минатата недела, речиси на сите позиции за кои се бараа работници Дрекселмаер од Квадарци ја нудеше истата плата.

Но, и покрај тоа што во огласите е наведена сумата, од компанијата за „Фактор“ велат дека тие исплаќале повисоки плати од минималните.

„Бидејќи приватноста на нашите вработени е од највисока важност, ние немаме намера да ги објавуваме платите на нашите вработени. Затоа и ја објавуваме основната плата за позицијата за која се бара работник во согласност со Властите.

Ние секогаш ќе исплаќаме плати над минималната основица. Нашата најниска плата е над минималната и плус имаме систем на исплата на бонус за перформанси и вештини со кои вработениот може да заработи повеќе.

Ние ја поставуваме основната плата за позицијата. Доколку изразената плата на огласот е прениска, тогаш е погрешен внес, што не ја отсликува нашата корпоративна филозофија, велат од Дрекселмаер за „Фактор“.

Нејасно е за каков погрешен внес пишуваат од компанијата и дали ако имало некаква грешка огласот ќе биде стопиран и коригиран? Тоа од компанијата не го одговараат.

Од друга страна, кога владата ги носеше измените на Законот за работни односи, токму одребата со која се наведе дека секој кој објавува оглас ќе мора да се објави и висината на платата, беше аргументирана со потребата на работникот да знае под кои услови ќе работи уште пред да аплицира на работното место.

А, во една од објавите на Дрекселмаер се нудеше плата од нешто повеќе до 10 000 денари, па нејасно е дали и таа плата е вистинска или кога некој ќе биде вработен ќе му биде понудена пониска иако на огласот стоела плата повисока од 10 илјади денари.

Кромберт и Шуберт од Битола бара работник за 8.800 денари

И од компанијата „Кромбер и Шуберт“ од индустриската зона „Жабени“во Битола, објавија оглас со кој се бара електричар за одржување.

Огласот е објавен вчера, а трае до 24 февруари. Наведено е дека станува збор за новоотворено работно место, за определен период од три месеци. Се работи во три смени, 40 часа во неделата, а платата што се нуди е 8.800 денари.

Џонсон Контролс нуди плата од 9.000 до 15.000 денари но, за високообразувани кадри

Повеќе за ова на Faktor.mk