Францускиот јазик до 2050 година би требало да стане јазик кој најмногу ќе се зборува во светот, и ќе биде пред англискиот и кинескиот, покажало едно неодамнешно истражување чии резултати ги пренесуваат американскиот магазин „Форбс“ и парискиот „Монд“…

224204_francuska-izbori-ap_f

Пред англискиот да го земе приматот, францускиот јазик долго време бил официјален јазик на дипломатијата, културата и уметноста. Но подоцна била потиснат од јазикот на Шекспир а подоцна и од мандаринскиот јазик.

Според истражувањето кое го спровела банката „Натиксис“, францускиот би можел до 2050 година повтроно да се врати на врвот на најраспространетите јазици на светот.

Имено тогаш околу 750 милиони луѓе на планетата ќе зборуваат на француски за разлика од 2010 година кога околу 220 милиони луѓе во светот зборувале на англиски. Оваа промена ќе се должи на наглиот демографски раст во субсахарска Африка.

Сепак изнесените бројки, сметаат „Форбс“ и „Монд“ бараат и одредени корекции. Натиксис како франкофони ги опфатил сите жители на земјите во кои францускиот е официјален јазик. Меѓутоа како што објаснува Александар Волф од опсерваторијата за француски јазик „многу држави имаат повеќе официјални јазици“ како на пример Белгија, додека во некои африкански држави иако е национален јазик, францускиот не е јазик на кој најмногу се зборува.