
Французин е добитник на главната премија од над 72 милион евра на европската лотарија „Евро Милиони“, соопшти француската лотарија …
Среќниот Французин добил вкупно 72.149.679 евра и има рок од 60 дена да ја подигне наградата. Ова е вторпат во текот на овој месец главната премија на оваа европско лото да се падне во Франција.
Лотото „Евро Милиони“ започна во 2004 година и тоа се игра во девет европски земји – Австрија, Белгија, Велика Британија, Ирска, Луксембирг, Португалија, Франција, Швајцарија и Шпанија.
Рекордната добивака на оваа лотарија од 190 милион евра ја освои брачна двојка од Велика Британија во август 2012 година.