
Во текот на минатата недела, ѕвездата на бејзбол тимот Boston Red Sox, David Ortiz (непознат за нас) направи selfie фотографија со претседателот на САД, Барак Обама. Белата Куќа не беше пресреќна со овој начин на промоција…
Иако претседателот на САД не смее да биде вмешан во промовирање на производи, сепак selfie фотографијата беше објавена и ретвитувана од страна на Samsung, а со тоа изгледаше како Обама да го промовира корејскиот гигант. Секретатор на Белата Куќа, Jay Carney, изјави дека „правило во Белата Куќа е да не се вклучува во промовирање на производи и услуги, односно да не се користи претседателот за комерцијални цели – затоа, тие строго се противат на оваа промоција“.
Она што не го знаеја во Белата Куќа е дека истиот ден David Ortiz потпиша договор со Samsung за промоција на нивните производи. Со тоа, тој доби и кратка обука (исто како и Ellen за Оскарите) за тоа како да направи добра selfie фотографија со Galaxy Note 3.
Од Белата Куќа не даваат информации за тоа дали ќе достават тужба против Samsung, но со ова сигурно патриотски настроените Американци никогаш повеќе нема да размислат за овој бренд.
Извор: GSM.mk