Маријана и Камила Младеновиќ Давалос, според многумина најсексапилните близначки на светот, се родени во Белград пред 25 години, а веќе речиси една деценија живеат и работат како врвни манекенки и фото-модели на Флорида, во Форт Лодердеј…

seksi bliznacki

Целиот свет е фасциниран од краткото видео и од фотографиите, на кои се гладаат Маријана и Камила, двете секси близначки кои со својата убавина и грациозност воодушевуваат на модната писта, пишува српски “Tелеграф”.

Нивната мајка е Србинка, а таткото е Колумбиец од Меделин. Родителите на убавите близначки се запознале во Мајами во средината на осумдесетите, а додека се уште не биле родени одлучено е едната да добие српско име, а другата старо, традиционално колумбиско.

Маријана и Камила често ги користат можностите да ја посетат родната Србија, многу ги почитуваат српските обичаи и традиции и се горди на своето потекло, посебно откако станале се побарани во модниот свет во Америка. Досега работеле неколку големи рекламни кампањи, се појавувале во најчитани модни списанија, рекламирале костими за капење и фармерки, а носеле и многу ревии на познати светски марки.