
Холивудската глумица Анџелина Џоли одлучила на барање на своите деца да сними малку поинаков филм кој и не е карактеристичен за нејзината кариера, а станува збор за римејк на старата бајка на „Дизни“ – „Заспаната убавица“, односно со оригинално име „Maleficent“…
Анџелина во овој филм глуми зла вештерка која фрла клетва на младата принцеза, која по убодот на игла, повеќе никогаш не треба да се разбуди.
Во новата најава, „Дизни“ одлучил да повлече паралела помеѓу оригиналниот класик од 1959. година и новиот филм, за да може и постарата публика полесно да се поистоветува со филмот.
Во филмот глуми и најмладата ќерка на двојката Бре Пит-Анџелина Џоли, Вивијен која најмногу наликува на мајка си, а можност целиот свет подобро да ја види ќе има кога ќе биде прикажан филмот во кој малата Вив глуми.
Вивијен (4) за улогата на принцеза неделно заработува 2.200 евра, а покрај тоа добива и дневница од 46 евра.
Во филмот глумат и нејзиниот брат Пакс (9), сестрата Захара (8), но тие имаат помали улоги. Во филмот требала да биде и Шилоу (6), но дено кога требала да снима не била расположена.