Турчинот Мехмет Озујек од турскиот град Артвин е светски рекордер според должината на носот, а оваа „ласкава“ титула му обезбедила голема слава, но и добри приходи од снимање на рекламни спотови за различни компании, јавува турската агенција „Анадолу“…

Longest-Weirdest-Mehmet-Ozyurek-Nose

Шеесетиосумодишниот Озјурек со својот нос кој му е долг 8,8 сантиметри во март 2010 година за време на снимањето на италијанската тв-емисија „Шоу на рекордите“  влегол во Гинисовата книга на рекорди како човек со најдолг нос на светот.

Во моментот во Истанбул, Мехмет снима реклама за една компанија која произведува бела техника. Во разговор за агенцијата „Анадолу“, тој пред поаѓањето од родниот Артвин за Истанбул открил дека  покрај снимањето на рекламен спот ќе учествува и на манифестацијата „Денови за промоција на градот Артвин“.

– Јас веќе 17 години сум човек со најдолгиот нос на светот. Со една компанија од Истанбул потпишав предоговори за снимање реклами и тој проект треба да биде реализиран овие денови – изјавил Озујрек.

Истакнувајќи дека и порано имал улоги во една реклама и два филма, Озјурек изјавил дека телевизии од Турција, Италија и Јужна Кореја за него снимале и објавувале документарни филмови.

– Документарниот филм за мене во Јужната Кореја е прикажан во 2005 година и ги освои симпатиите на тамошната јавност. Потоа ме посетија и други јужнокорејски телевизии. Во јули најверојатно ќе ја посетам оваа источна земја – изјавил турскиот рекордер на Гинис.

Тој нагласил дека неговите сонародници во црноморскиот регион во Турција многу го сакаат и го почитуваат. Овој Турчин отенцирал дека е свесен дека е поразличен од другите луѓе со својот изглед, но со духовната сила во секоја прилика се труди на својата физичка разлика да не гледа како на маана туку како на предност да биде промотер на добрите страни на животот.

– Бог сите не создал и сите ние сме негови убави суштества. Нашите различности се нашите предности – порачал овој шармантен Турчин.
Инаку Мехмет минатата година ја загуби својата сопруга Мушараф која починала по долгата борба со ракот на кожа.

Извор: Plusinfo.mk