Можеби на прв поглед делува дека февруари е по малку здодевен месец, со оглед на тоа дека со текот на месецот поголемиот дел од луѓето се закрепнуваат од новогодишните и божиќните празници. Сепак, вториот месец во годината има што да понуди…

Festivali - Japonija

Ова се некои од најинтересните и најчудните февруарски фестивали кои се одржуваат низ целиот свет.

„Saidai-ji Eyo Hadaka Matsuri“

Еден од трите најексцентрични фестивали во Јапонија, „Saidai-ji Eyo Hadaka Matsuri“, е ноќна манифестација која секоја година се случува во третата сабота во февруари и се одржува во храмот „Саидаи ји“ во градот Саидаји Нака во префектурата Окајама. На фестивалот околу 9.000 мажи облечени само во долна облека направена од бела ткаенина и се борат жестоко еден со друга за да освојат неколку свети стапчиња „Шинги“ од 40 сантиметри кои свештеник од прозорец висок 4 метри ги фрла во тој метеж. Оној што ќе ги фати тие стапчиња мора да ги стави во дрвена кутија наречена „Масу“ која е наполнета со ориз и на среќникот ќе му донесе среќна и успешна година.

Благословување на грлото

Секој трети февруари во црквата „Св. Етелдреде“ во  Лондон се одржува традиционалното „Благословување на грлото“. Свештеникот им ги благословува грлата на верниците и се моли Бог да ги заштити од болести на грлото и друго зло.
Фрлање со сребрена топкаНа 10.февруари во Сент Ивс се одржува турнир во древен облик на рагби.

 Ден на мрмотот

Секој втори февруари во Пенсилванија, САД се одбележува Денот на мрмотот (Groundhog Day), кога на свечена церемонија локалните власти го прашуваат најпознатиот влакнест метеоролог мрмотот Панксатоуни Фил колку ќе трае зимата.Според традицијата, доколку денеска Фил ја здогледа својата сенка откако ќе се разбуди од спиење, може да се очекува пролетно време дури на половината од март, ако не ја види, тогаш пристигнува пролетта.Секоја година, туристи го „опседнуваат“ ова оддалечено место, само за да учествуваат во посебната празнична програма.

Меѓународен натпревар во дегустација на вода

Од  20 –до 23. февруари во историскиот спа-град Беркли Спрингс, Западна Вирџинија, САД се одржува најголемиот меѓународен натпревар во дегустација на вода на кој се презентираат стотина води од целиот свет. За време на натпреварот се дегустира најдобрата флаширана вода, обична и газирана, како и новата категорија – прочистена вода за пиење. Истотака се доделува и награда за најдобро спакувана вода.

Викенд на мистерии во Ленгли

 На 22. и 23. февруари во Ленгли, Вашингтон, САД се одржува познатиот „Викенд на мистерии во Ленгли“. Целиот град учествува во решавање на „мистериозни убиства“.

Светски шампионат во трка на лопати

Во Ејнџел Феир, САД на  7. и 8. февруари секоја година се одржува натпревар во „санкање“ на снежните падини со лопати. Наместо да се спуштаат на вреќи, натпреварувачите под својот задник имаат само тенка лопата.  Тркачите одбираат некое убаво снежно брдо и се спуштаат надолу со своето „превозно средство“. Ова поранео беше вообичаен дел од „Икс гејмс“, но дисциплината е укината поради страв за безбедноста на натпреварувачите.
Фестивалот на лубеници во ЧинчилиОд 12 до 15. февруари во Чинчили, Квинсленд, Австралија се одржува прослава посветена на лубениците која се одржува секоја втора година.

Тепачка со перници на Денот на заљубените

На најпознатиот празник посветен на љубовта и виното, 14.февруари низ цел свет љубовните партнери имаат навика да подаруваат подароци со љубовна и романтична тематика во вид на срциња, плишани играчки, чоколадни бомбони, секси долна облека во црвена боја и сето она што асоцира на романтика.На 14. февруари во Сан Франциско се одржува традиционална „тепачка со перници“ на Денот на заљубените.