
Алина Кабаева (30), поранешната гимнастичарка која на светската јавност и стана позната како жената која му го разниша бракот на рускиот претседател Владимир Путин (61), во јавност го покажала прстенот за кој медиумите се сомневаат дека станува збор за венчален прстен кој и го дали актуелниот руски претстедател…
Гласините за тајната венчавка на рускиот претседател, дополнително го подгреала фактот што и Путин на минатонеделниот состанок со египетскиот министер за одбрана носел венчален прстен.
За време на спортско случување за деца во Нижјекамск, Кабајева на камерaта ја покажала раката со бурмата на неа, што покренало лавина гласини и коментари на интернет.
Официјален Кремљ неодамна ги порече гласините дека Путин и поранешната гиманстичарка се венчале во септемеври, кога опозиционерскиот лидер Алексеј Навални на Твитер го напишал следниот коментар:
– Кажано ми е дека Путин и Кабаева се венчаваат денес во манастирот Ивер.
Убавицата која на отворањето на зимските олимписки игри во Сочи го носеше олимпискиот оган веднаш го привлече вниманието на светската јавност по разводот на Путин од неговата сопруга Људмила. Медиумите ја обвинуваат Кабаева дека го завела рускиот претседател и го растурила неговиот брак.
Извор: Plusinfo.mk