Порталот pinterest.com  објави листа од најчудните пејсажи на земјата, шарени реки, розеви езера, светлечки пештери и уште многу подеднакво бизарни и фасцинантни глетки и места кои се неверојатен дар на природата…

Prirodni chuda - rozevo ezero

Некои од тие места се толку чудни што човек би се запрашал дали навистина постојат. Ова се некои од тие чудесни места кои треба да се погледнат.

Езерото Ретба Сенегал

Ова необично езеро поради својата розева боја, повеќе потсетува на милкпејк од јагода, или на овошен јогурт. Се наоѓа во Сенегал, на 35 километри од главниот град Дакара. Површината на езерото е три квадратни километри, а поради високата концентрација на сол во него како и во Мртво море, лесно се плови. Розевата боја потекнува од алгите Дуналиела салина која произведува розев пигмент и која успева да живее во исклучително солена вода. Бојата на езерото е особено изразена во сушниот период, а интензитетот на бојата зависи од тоа дали е ден или ноќ.

Пештерата Обир, Австрија

Влезете и откријте го најфасцинантното чудо на природата во Австрија. Нурнете во подземниот свет кој е спој на човекот и природата. Еден од најимресивните природни споменици во Австрија, пештерата Обир првпат за јавноста биле достапни во 1991 година. Влезот во пештерата се наоѓа на 1.078 метри надморска височина, а 1,3 километарската обиколка околу пештерата, ќе биде незаборавно искуство за целото семејство. Пештерата која се наоѓа во планината Хочобир во 1870 година ја пронашле рудари во потрага по олово и цинк

Монте Кристало Доломите, Италија

Монте Кристало е дел од планинскиот масив на италијанските Доломити, североисточно од Кортина, во областа Белуно, на северот на Италија. Тоа запчест раб со четири врвови  од 3.000 метри. Монте Кристало настанал во времето на кредата како и остатокот на Долмитите, поради сударот на Афричкиот и Европскиот континент.

Аелјата Баобаб , Мадагаскар

Алејата Баобаб  е истакната група на дрвото Баобаб која се протега долж земјениот пат помеѓу Морондава и Белон Тсирибихина на западен Мадагаскар. Нејзиниот впечатлив пејсаж привлекува патници од целиот свет, што ја чини една од најпосетените локации во тој регион. Оваа област не е национален парк, а долж алејата останале околу 20 до 25 стебла високи околу 30 метри од видот Адансониа грандидиери, која расте само на Мадагаскар. Стеблата се загрозени од понатамошно сечење, бидејќи приходите од туризмот се мали а локалното население се занимава главно со одгледување ориз и шеќерна трска. Покрената е иницијатива во ова место да се промовира екотуризмот за да се зачува ова подрачје.

Замрзнат цунами бран, Антартик

На прв поглед оваа преубава глетка на Антартикот изгледа како бранот  висок 50 метри да е замрзнат во моментот додека се прекршувал. Некои луѓе тврдат дека тоа всушност се замрзнати цунами бранови.

Кањонот Вади Муџиб, Јордан

Резерватот Муџиб е најнискиот природен резерват на светот кој се наоѓа во планинскиот пејсаж во Јордан, околу 90 километри јужно од Аман. Кањонот Ваби Муџиб влегува во Мртво море и се наоѓа на 410 метри под нивото на морето. На некои места достигнува 900 метри надморска височина. Постојат седум реки кои се влеваат на ова место.Резерватот е основан во 1987 година и поради таа разлика во височината може да се најдат околу 300 видови билки, бројни видови птици преселници, бројни месождери и еден посебен вид кози.

Ваитомо Гловорм пештерите

Нов Зеланд Пред повеќе од 30 милиони започнала легендата за пештерите Ваитомо со создавње на варовник на дното на океанот. Сега овие варовнички формации стојат како едно од најинспиративните природни богатства на Нов Зеланд и се сметаат за дестинација која мора да се види.

Извор: Plusinfo.mk