
Полицијата во градот Санта Ана, Калифорнија уапсила наставник кој во својата куќа чувал најмалку 300 змии…
По извршениот претрес во куќата кој бил изведен поради жалба на соседот дека од неа се шири неподнослива смрдеа , биле пронајдени помеѓу 300 и 400 питони од кои некои биле мртви.
Змиите се наоѓале во пластични кофи распоредени во пет соби заедно со глувци и стаорци. Полицијата го привела 53-годишниот наставник Вилијам Бакман поради несовесно постапување со животните.
Извор: Plusinfo.mk