ivanov_delcevo

Претседателот Иванов денеска во Делчево се сретна со граѓаните како и со група стопанственици од овој град.

На средбата со граѓаните на Делчево, претседателот Иванов беше запознаен за севкупните состојби во овој град и беа разгледани можностите и начините за иден развој и напредок на Делчево. Воедно жителите на Делчево изразија срдечно задоволство од посетата на Иванов во нивниот град, и разменија мислења како да се унапреди севкупниот развој на овој регион.

Извор: Фејсбук