Американската старлета Ким Кардашијан оваа недела гостувала во шоуто на Елен Деџенерис. Секако дека старлетата на сè мислела однапред па така го одбрала и стајлингот во кој ќе се појави пред ТВ камерите…

Kim_Kardashian_628780S1Но во животот не оди секогаш како што планираме. На бујната Ким ѝ сè случила незгода поради која веднаш се пожалила на своите фанови.

– Мојот фустан за гостувањето кај Елен пукна! Морам да тргнам за 5 минути, што да облечам? Ми треба помош! Можеби ова – напишала Ким и објавила фотографија во која позира во долг фустан и блуза со длабоко деколте.

Набргу се предомислила па облекла друг фустан, до колена, но ја задржала истата блуза и напишала: „Најдов адекватна комбинација, за среќа! Немам време за вакви работи!“