
Една локална жителка на езерото Мундара во Квинсленд, Австралија, снимила една несекојдневна животинска борба помеѓу питон и крокодил…
Од борбата како победник излегол питонот, кој му се привлекол на својот противник, се замотал околу него и го удавил, а потоа го проголтал во еден залак.
Борбата на крокодилот бил залудна бидејќи питонот за кратко време успеал да го задуши. Питонот не се откажувал до крај иако борбата со големиот рептил траела долго време. На крај го голтнал целиот крокодил, а потоа се скрил во засолниште каде на сигурно ќе го свари својот плен.