Во источен Лондон е отворено првото кафуле за мачки „Lady Dinahs cat Emporium“, кое ги собира љубителите на кафето и мачките…

452150_20140328reutersstefan-wermuthlondondi006402980_ffКафулето се наоѓа на работ на финансискиот кварт во Лондон, а заработува благодарение на идејата која првпат во јавноста ја популаризирала Јапонија за да можат вработените кои се изложени на стрес да се опуштат галејќи мачки додека пијат капучино, кафе лате или чај.

Местото е толку популарно што местата се резервирани до јуни. Освен чај, гостите може да консумираат и други пијалаци , сендвичи и колачи, и тоа во друштво на 11 мачки.

Внатрешноста на локалот е уредена во викторијански стил со разни додатоци и играчки за мачките.