
Позната по својата руса коса која веќе 15 години беше составен дел од нејзиниот имиџ, американската поп-ѕвезда Бритни Спирс (33) стана пристојна бринета…
Пејачката која следните две години со свое специјално шоу ќе настапува во Лас Вегас, својата нова боја на коса премиерно ја претстави на традиционалната забава на британскиот пејач Елтон Џон која ја организира секоја година во очи на доделувањето на филмските Оскари
Бритни својот имиџ го смени за потребите на снимањето на рекламата за нејзиниот нов парфем „Fantasy“ кој го има во две верзии „Naughty“ и „Nice“.
Извор: Plusinfo.mk