Убавата и сè поуспешна харватска новинарка Фани Стипковиќ која во моментот се наоѓа на постдипломски студии на „Медиасет“ во Мадрид, Шпанија, добила овие денови мошне интересно признание, односно титула на најсексапилна новинарка во Европа…

fani stipkovicИмено, така одлучиле шпанските и италијанските медиуми кои освен убавината и атрактивноста ги истакнале и интересните репортажи како и квалитетните новинарски стории на Фани Стипковиќ.

Изборот се одржал воочи светското фудбалско првенство, кое ќе се одржи оваа година во Бразил. Така шпанските медиуми ја споредуваат убавата Фани Стипковиќ со Сара Карбонеро, прекрасната шпанска новинарка, која стана позната во светската јавност кога му роди син на шпанскиот репрезентативец и голман на Реал Мадрид Икер Касилас.

Фани Стипковиќ покрај новинарството, се прославила и како модел и манекенка, а јавноста ја заинтригирала со својата појава во емисијата „Ред Карпет“ во која имала своја рубрика под назив „Фан Фан Фантастично“, а своевремено се забавувала со хрватскиот фудбалски репрезентативец Огњен Вукојевиќ.

Имајќи предвид како изгледа, често била цел на прашања дали на неа се е природно, особено устата и градите, но оваа атрактивна Хрватка во повеќе наврати истакнувала дека на неа се е дело на мајката природа.

Фани Стипковиќ во текот на постдипломските студии, почнала да добива ангажмани во Шпанија, па неодамна и припаднала честа да биде водителка на големи хуманитарни натпревари на кои учествувале најпознатите шпански спортисти. Водењето на ваквите манифестации сигурно е големо признание за една хрватска новинарка и показател на новинарските вредности на Фани Стипковиќ.

Оваа неофицијална титула сигурно ќе биде голем поттик за неа да биде уште подобра и поквалитетна во професионалните предизвици кои се пред неа. Тоа воедно е и одличен увод во 2014. година која би требала да и донесе полна афирмација на светската медиумска сцена на која успешно егзистира веќе неколку години.

Извор: Plusinfo.mk