
Дека вистинска и долговечна љубов навистина постои, покажала оваа фотографија на маж и женакоја стана хит на интернет…
Засега има 2,4 милиони „лајкови“, но реакциите на луѓето се поделени за автентичноста на фотографијата, пишува српски Телеграф.
Фотографијата на двојката која седи на карпа, некогаш и сега, станала вирална на социјалните мрежи, покажала што е љубов и „заработила“ 2,4 милиони „лајкови“.
Имено, мажот и жената се фотографирани на карпа во 1963 година, а истата поза и место ги заземале и оваа година. Реакциите на луѓето на социјалните мрежи се поделени, додека некои сметаат дека фотографијата е лажна, други се воодушевени од долговечната љубов на оваа двојка.
Засега, не постојат информации кои се мажот и жената, ниту од која земја доаѓаат. Се претпоставува дека доаѓаат од Јапонија, или од некоја земја од тој регион.