
Новиот тренд за објавување летни фотографии на Фејсбук ги замени фотографиите со голи нозе на плажа со фотографии на кои девојките ги сликале најинтимните делови од своето тело, низ градите преку стомакот па се до колковите или т.н. „бикини мост“…
„Бикини мостот“ го претставува лакот кој го создаваат гаќичките кои сепротегаат од едниот до другиот колк додека помеѓу нив има мал простор. По гледањето на овие фотографии веднаш ќе ви стане јасно дека овој тренд може да го следат само слабите и витки девојки.
Пред неколку дена на Фејсбук осамна новата група насловена “Bikini bridge” која веќе брои 1.000 членови и тоа воглавно девојки кои своите фотографии во бикини ги поставуваат под хаштагот „Bikini bridge“.
Извор: Plusinfo.mk