
Неодамна антрополозите биле во можност за првпат да пријдат близу до едно изолирано племе во џунглите на Амазон и изненадувањето било обострано и за збунетите припадници на заедницата кои првпат во животот виделе авион и почнале да се закануваат со своите копја за да се одбранат…
Снимките од племето за кое се претпоставува дека досега не дошло во допир со надворешниот свет, или дека тие контакти се минимални, биле снимени минатата недела на границата на Бразил со Перу, во државата Акра.
Се верува дека оваа племенска заедница одгледува пченица, пченка, кикирики и банани.
Владата на Бразил за ова племе ја применува политиката на неконтактирање, но на подрачјето во кое живее оваа заедница му се закануваат разни опасности од цивилизираниот свет како што е сечењето на шумите, експлоатацијата на руда, лов, риболов и стадата кои се пасат на нивната територија.
Старешините на племето Ашанинка која ја дели оваа територија со ова и другите изолирани племиња во сливот на реката Амазон побарале од владата на Бразил и невладините организации да им помогнат така што ќе го контролираат и намалат загрозувањето на нивните животи и обичаи.
Извор: Plusinfo.mk