Љубителите на цигари платиле повеќе од 798.000 евра за шест рачно изработени кутии за кубански цигари, на гала затворањето на 16 по ред фестивал на цигари во Хавана, Куба…

Cuba Cigar festival-2Најбарана била рачно изработената кутија, наполнета со Монтекристо цигари која чилеа 170.000 евра. Велшкиот пејач Том Џоунс бил еден од сланите ѕвезди кои биле повикани на оваа аукција, тој на присутните им испеал три песн, вклучувајќи го и неговиот прв сингл од 1956 „Its not unusual“.

Џоунс изјавил дека кубанските цигари ги пуши од 1960-те години, но никогаш претходно не ја посетил Куба.

Кубанските официјални лица оваа недела изјавиле дека продажбата на кубанските цигари минатата година скокнала за осум отсто. Целокупниот приход од денешната аукција е наменет за државниот кубански здравствен систем.