Милиони луѓе ширум светот ги сакаат ЛЕГО коцките, а ова се некои од најдобрите креации направени од овие детски играчки…

xcx bjАвтор на Сиднејската опера направена од ЛЕГО коцките е Рајан Мекнот. Таџ Махал е една од најимпозантните градби на светот, а нејзината интерпретација ја направил Артур Гугик кој воедно ја искреирал и црквата Свети Василиј во Москва.

Автор на гигантскиот Стегосаурус од коцки е дело на Хенри Лим кој на фотографијата стои зад своето дело. Морското чудовиште Брикли направено од сино-зелени коцки стои пред ЛЕГО продавницата во Орландо.

Кучето кое цврсто ја држи својата коска во уста ја направил Брем Ламрехт.

Шон Кини, уште еден извонреден уметник, ја направил забавната мапа на американската сојузна држава Ајова. Легендарниот филмски хит „Истерувачи на духови“ во ЛЕГО коцките ги овековеќил Ангус Меклејн.

Извор: Plusinfo.mk