
Модна куќа од Торонто објави прва модна линија костими ” а ла Џејмс Бонд ” , соопштува АФП.
Компанијата ” Гарнизон Беспоук ” рекламира оклопни костуми кои им одговараат на компаниите кои ги испраќаат своите вработени во конфликтни зони . Дејвид Тран , кој раководи со специјалните проекти на модната куќа, го има смислено овој костум по разговор со својот клиент , кој се враќал од патување надвор од Канада, за време на кое против него било отворен оган, пренесе Vsekiden.com.
“Сакавме да создадеме вистински костуми кои одговараат на тие на Џејмс Бонд ” , вели Тран , нагласувајќи дека новиот вид на костуми е добредојден во периодот на ниска економска активност.
Извор: Aktuelno24.mk