
Како и што беше најавено денеска започна реконструкцијата на улицата “Никола Јонков – Вапцаров” во централното градско подрачје…
Улицата на која повеке од една година владееше тотален хаос и која беше раскопана, со многу големи дупки и камења и која требаше да се реконструира уште пред локалните избори минатата година конечно ќе добие нов асфалт.
Денеска започна нејзината реконструкција каде што се отстрануваше стариот асфалт, а истата целосно е затворена за сообраќај. По отстранувањето на стариот асфалт, следува нејзино тампонирање со песок и поставување на нов асфалт.
Сообраќајот ќе биде во прекин додека трае нејзиното асфалтирање и додека траат градежните зафати, па граѓаните ги замолуваме за трпение и разбирање , изјавија од Општина Делчево.