
Езерото Рупканд во Индија се наоѓа на 5.029 метри надморска височина во Индија, и поради тоа било откриено дури пред 70 години. Станува збор за глечерско езер кое поради својата положба воглавно е заледено, но кога се растопува, тоа открива страшна историја која се одиграла овде пред 2.800 години…
Кога езерото се одмрзнува и водата се повлекува, тоа открива човечки костури. Долго не било познато потеклото на овие скелети, но псотојат многу теории.
Некои веруваат дека остатоците му припаѓаат на кашмирскиот генерал Зоравор Син и неговите луѓе кои исчезнале на Хималаите во 1841 година враќајќи се од битка на Тибет.
Бидејќи било докажано дека коските датираат од многу одамна, се јавиле и нови претпоставки. Една од нив е дека станува збор за коски од војската на војсководецот Мухамед Туглак кој во 14 .век бил поразен од Кинезите во борба за границата на Хималаите. Кога било утврдено дека коските се постари дури и од тоа време, многу антрополози се свртеле кон теоријата дека луѓето чии коски почиваат во езерото биле покосени со непозната епидемија или дека се жртви на ритуално самоубиство.
Дури пред 10 години тим на научници успеал да утврди што навистина се случило на езерото Рупканд во дамнешната 850 година пред новата ера. На темињата на черепите истражувачите пронашле пукнатини кои укажуваат на насилна смрт предизвикана од удар во главата.
Пукнатините се со таков облик што единствено решение на мистеријата според антрополозите е дека овие луѓе пред 2.800 години настрадале од страшно невреме со силен град.
Во реконструираната верзија на ова случување, околу 500 припадници на култот Нанда Деви дошле на езерото во потрага за свежа вода. Тука ги зафатило невреме од кое немале каде да се сокријат. Тие настрадале од големи парчиња лед кој им паднал врз глава, а ледото на езерото ги сочувал некои од телата до таа мера што некои од нив на себе се уште имале облека и коса.