Опстанок во живо е описот на оваа фото-приказна во која младенче од мајмун и леопард водат битка на дрво, мајмунчето да го спаси својот живот, а предаторот да добие вкусен ручек…

445851_profimedia0186890094_ffШтом го забележал младенчето на дрво, леопардот ја искористил приликата да ја демонстрира својата предаторска вештина.

Нивната игра изгледала како игра на мачка и глушец, леопардот дури неколку пати успевал да достигне до својот плен, но младенчето секојпат успевало вешто да му се извлече од канџите.

На крајот големата дива мачка се откажала а неговиот „несуден ручек“ продолжил да одмара на една гранка.