Може ли да замислите дека на вашиот мирен доручек низ прозор одеднаш ќе ви де појави жирафа која ќе ве дружи додека појадувате. Веројатно не, но ваквата глетка е вообичаена во еден хотел во Кенија…

441852_profimedia0138204143_fХотелот на жирафите се наоѓа во предградието во Најроби Лангата, и заедно со резерватот на природата, ја претставува загрозениот вид на жирафите Ротшилд.

Кон гостите на хотелот жирафите се однесуваат како домашни миленичиња. Сопствениците на хотелот Џок и Бети Лесли-Мелвил водат сметка за грациозните животни со долг врат, ги зближуваат во двојки и ги подготвуваат за враќање во природата, за да го осигурат продолжувањето на видот.

Посебен шарм на хотелот му дава бршленот кој ја обраснал старинската куќа која е претворена во хотел и датира од 1930-те години , а стариснкиот шарм со кој зрачи е уште една одпричините поради кој посебно е привлечна на туристите.

Освен вообичаените сцени во кои жирафите ѕиркаат низ прозор со своите глави за да ви грабнат нешто од чинијата додека јадете, често се случува да се пртнат преку врата за да им се приближат на гостите.

3H6A4671

3H6A4895

3H6A4812

 

Извор: Plusinfo.mk