
Големиот балкански романтичар Жељко Самарџиќ пред бројна публика од сите генерации синоќа во полната „Метрополис Арена“ го одржа долгонајавуваниот концерт по повод Денот на вљубените кој беше вистински празник и прослава на љубовта и музиката…
Во преполната „Метрополис арена“може да се видат голем број љубовни двојки кои со чаша вино, по некоја црвена роза и црвен балон во облик на срце со своите партнери уживаа во тричасовниот концерт и познатите балади на српскиот кантавтор.
Самарџиќ уште еднаш го потврди статустот на шармер и романтичар и со својот дух и енергија покажа дека успешно им прскоси на годините.
Тој ги изведе познатите „Покажи ми шта знаш“, „После дуге везе“, „Стани ми на црту“, „Безобразно зелене“, „Љубавник“, „Зауставите јануар“, „Ја кунем се у љубав“, „9.000“, „Камелеон“ и легендарната „Грлица“ со која пред 20 години ја освои балканкста сцена.
Премиерно ја изведе и новата песна во модерен денс-ритам, „Марија Марија“, за која минатиот месец промовираше видео-запис. Концертот беше во организација на „Балкан Медиа“.
Фото: Борче Поповски
Извор: Plusinfo.mk