
Синоќа околу 23 часот и 35 минути, на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово на клучката во населба Карпош се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо 508“ сопственост на ФФМ а управувано од И.Ѓ. (43) од Скопје и патничко возило УАЗ управувано од Ж.Б. (62) од с. Малотино-кумановско.
Во незгодата на лице место починал сопатникот во патничкото возило „пежо 508“ П.М. (41) од Скопје, додека со тешки телесни повреди се здобиле возачот Ж.Б. и сопатниците З.З. (34) и Р.И. (24) двајцата од Скопје, а со телесни повреди се здобил И.Ѓ. при што поради сериозноста на повредите истите од Медицинскиот центар Куманово се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.
ФОТО: Кумановоњуз