
Делчево доби ново место за паркирање во централното градско подрачје…
Заврши изградбата на новиот паркинг простор во централното градско подрачје во Делчево. Новиот паркинг е со капацитет од 39 паркинг места, а зафаќа површина од 900 метри квадратни.
Новиот паркинг простор се наоѓа во центарот на градот зад новата црква која што е во изградба и веќе е пуштен во употреба и ставен на располагање на возачите кои гравитираат во овој дел од градот, но и за сите останати.
Со изградбата на овој паркинг простор значително ќе се подобри паркирањето во овој дел од градот, а истиот е во рамките на средувањето на просторот од паркот кај споменикот на Гоце Делчев, па се до спортскиот комплекс кој ќе се уредува постепено.