
На социјалните мрежи веќе почна да се врти шеговита фотографија на сметка на македонскиот претставник во музичкото шоу „Икс фактор Адрија“, Даниел Кајмакоски (29), на која неговиот лик е поставен на реклама за кајмак…
– Ви благодарам на сите што се потрошија вечерва за да пратат порака и да гласаат за мене. Во благодарам многу. Ако не супеам со музикава веќе имам идеја за бизнис – се пошегувал Даниел во коментаро кој го постави на својата официјална фан-старница на Фејсбук.
Тој синоќа настапи во втората полуфинална емисја на „Икс фактор“ каде ја изведе темата „Чија си“ на Тоше Проески, и успеа да се пласира во следната полуфинална вечер на шоуто.