
Повеке од една година на улицaта Никола Ј. Вапцаров во Делчево владее тотален хаос. Раскопана, со многу големи дупки и камења, а со надеж дека ке биде асвалтирана, стои улицата во централното градско подрачје на Делчево.
Граѓаните на општината се револтирани и гневни на сегашната локална власт која цела година неуспеа да ја асфалтира оваа улица која е една од најпрометните во градот, поради што нивните возилa се оштетени.
Иако уште пред локалните избори во Делчево беше предвидена реконстукција на улицата Н. Ј. Вапцаров и поради тоа таа беше раскопана, сеуште не е асвалтирана. За големо изненадување, од извори блиски до власта, дознаваме дека граганите на Општина Делчево ќе мораат да чекаат до крајот на Март еден месец пред новите претседателски избори, кога е предвидено да се заврши реконструкцијата и да се стави нов асвалт.
Во меѓувреме улицата којa е еднонасочна, а пред која се наоѓа основно училиште и која е една од најпрометните улици во градот ке остане да биде кочница за нормално одвивање на сообракајот во Делчево.