
Големи одрони денеска го ставија во прекин сообраќајот на магистралниот пат помеѓу Делчево и Македонска Каменица…
Појавата на одроните се случила како последица на новото свлечиште кое се јави по реконструкцијата на дел од патот Делчево – Македонска Каменица, во близина на браната Калиманци, а настанот се случил околу 15 часот попладне.
Екипите на Македонија пат по дојавата веднаш излегле на терен да ги расчистат големите одрони. Инаку вакви одрони на патот Делчево – Македонска Каменица немало одамна.
Погледнете ги фотографиите и проценете сами…