
Сред египетската пустина Сахара се наоѓа необична формација која на прв поглед изгледа како да ја направиле вонземјани…
Откако се појавила во 1997 година оваа несекојдневна глетка ги збунува туристите како и оние кои ја виделе преку Гугл Ерт. Сепак ова е уметничка креација за која се одговорни неколку уметници.
„Пустиснкиот здив“ како што е нарешено ова уметничко дело е проект на уметничкиот тим ДАСТ Стрим кој во 1995 година го основале Дана и Александра Страту и Стела Константинидес со цел да го реализираат овој проект.
Оваа креација, која се простира на 100.000 квадратни метри е сместена во источниот дел на Сахара во Египет.
За нејзината реализација се користени 8.000 кубици песок а довршена е во 1997 година. Иако се уште постои таа постепено се распаѓа, а ќе биде видлива се додека ветрот целсоно не ја избрише.