
Јапонската автомобилска компанија Nissan е производител на најновите такси возила за главниот град на Велика Британија.
На крајот на оваа година на улиците на Лондон ќе започнат да се возат првите автомобили Nissan NV200 London Taxi , кои се посебно подготвени за возење , базирани на стандардниот миниван NV200 .
Nissan NV200 London Taxi е создаден во Велика Британија од истиот тим кој стои зад кросоверот Juke и Qashqai . Такси возило не многу привлечно на изгледа , но за сметка на тоа нуди сериозен внатрешен волумен и ниска потрошувачка на гориво . Неговиот дизајн е создаден со идејата да потсетува на оригиналната лондонско црно такси.
Производство на специјално подготвениот модел ќе започне во декември 2014 година во фабриката на јапонската компанија во Велика Британија . Првично ќе се опремува само со еден погонски агрегат – 1,6 -литарски бензински кој демонстрира просечна потрошувачка од 7 л./100 км.
Во 2015 година по улиците на градот ќе започнат да се користат и такси возилата e-NV200 London Taxi . Ова е верзија на истиот автомобил , но опремен со електричен погон , кој не испушта во атмосферата никакви штетни гасови.
Извор: Aktuelno24.mk