
Британецот Питер Ралф е пензиониран мајстор за поставување покриви, кој до пред четири години живеел со својата сопруга Паула, но во моментот кога заминал во пензија го напуштил домот и почнал да живее во шатор на брегот на езерото Орчид во Окфордшир…
Неговата жена од тогаш го посетува еднаш месечно со чисти алишта и неопходни намирници, пишува „Дејли мејл“. Ралф за тоа парче од брегот плаќа шест илјади фунти годишно, а друштво му прави неговото куче Шугар.
Страствениот рибар во последните четири години потрошил 486 килограми мамци. На сопругата Паула не и пречи што сопругот живее на езеро затоа што ја има целата куќа само за себе.
Секојдневно се слушаат по мобилен, а Паула вели дека таа е среќна ако тој е среќен. Ралф во неговиот шатор има мал телевизор, фрижидер и комфорен кревет.
За готвење користи скара, а најчесто оброци му се рибите и животни кои ги прегазил некој со автомобилот. Најголем лов на Петер Ралф до сега му бил шаран, тежок околу 15 килограми.
Извор: Plusinfo.mk