
И во Делчево денеска се одбележа големиот христијански празник Богојавление – Водици…
Деветнаест годишниот Ангелчо Петровски беше среќникот на денешниот празник Водици. Тој во Делчево го фати светиот крст помеѓу триесетината пријавени момчиња кои скокнаа во реката Брегалница да го извадат Светиот крст.
Ангелчо изјави дека досега неколку пати бил дел од големата прослава по повод големиот празник Водици, но оваа година му се насмевна среќата и за првпат го фати Светиот крст.
Градоначалникот на Делчево го поздрави и му честиташе на среќникот, при што му подари соодветна награда, како и сребрена паричка. Ангелчо истотака доби и икона од Црковниот одбор при Македонската православна црква.
На прославата по повод Водици во Делчево присуствуваа повеќе од три илјади луѓе.
Бага