
Напорно, исцрпувачко и долго било породувањето за Американката,Кимберли Фугате(42) која родила идентични женски четворки кои биле вистинско изненадување за мајката и докторите…
– Само чув како ми зборуваат докторите:„ Гледам уште една нога, уште, туркај“. О не, прашав, за што се работи – раскажала Кимберли, жената која родила идентични четири близнаци, иако било предвидено да роди три деца во Универзитетската болница во „Мисисипи медикал центар“.
Како некое чудо, на ултразвукот не се видело последното женско бебе кое само „испаднало“ по трите преслатки сестри.
Бебињата веќе имаат имиња Кенли Роса, Кристин Су, Кејла Прл и Келси Роксана, а иако се родени 13 недели пред терминот, добро напредуваат на оделението на неонатологија.
– Жена по природен пат да добие четворки е голема реткост. Не ни може да се пресмета процентот на веројатност – вели докторот Џејмс Бофил.
Кимберли и нејзиниот сопруг Крејк веќе ја имаат ќерката Кетлин (10) која неизмерно се радува на своите сестри и едвај чека со нив да ја сподели својата соба.
Извор: Plusinfo.mk