Во повеќето коментари стои дека Даниел и девојката многу си одговараат и дека би биле многу убава двојка…

daniel3Македонскиот претставник во музичкото шоу „Икс фактор Адрија“, Даниел Кајмакоски кој со одличната изведба на „One love“ од „Ју-ту“ ја помина првата полуфинална емисија на шоуто, на својата официјална страница на Фејсбук која брои 110.000 лајкови, сподели серија интересни фотографии со своите фанови.

Шармантниот пејач кој за кратко време ги освои симпатиите на публиката од регионот и важи за еден од најголемите фаворити за победник во шоуто, се фотографирал со дел од учесниците во „Икс фактор“, а на неколку фотографии е снимен со атрактивна бринета , по што добил бројни коментари од своите фанови.

Во повеќето коментари стои дека Даниел и девојката многу си одговараат и дека би биле многу убава двојка. Ова се дел од фотографиите на Кајмакоски па пресудете сами дали 29-годишниот пејач има добар вкус за девојки.

daniel2

daniel

daniel4

Извор: Plusinfo.mk